Реклама

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Македонија

Стојаноски: Македонија оди напред, осум последователни квартали со раст на градежништвото

Кога се гради-Македонија оди напред! Бројките за градежништвото покажуваат јасна разлика. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога се гради-Македонија оди напред! Бројките за градежништвото покажуваат јасна разлика. Во 8-те квартали од јули 2024 до јуни 2026, според пресметката прикажана од податоците на ДЗС, просечниот квартален реален раст на градежништвото изнесува +14,1%, без ниту еден негативен квартал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

За споредба, во анализираните 29 квартали од претходниот период просекот е -0,2%. Разлика од 14,3 процентни поени. Во вториот квартал од 2026 година, градежниот сектор бележи реален раст од 21,9%, а особено силен е растот кај нискоградбата – 48,9%.

Тоа е важна разлика. Главен двигател се инфраструктурните и капиталните зафати – патишта, коридори и други големи проекти кои создаваат трајна вредност за државата.

Реклама

Повеќе градилишта, повеќе капитални проекти, повеќе создадена вредност. Македонија повторно се гради – и тоа се гледа во официјалните бројки!