Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот: „Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“

„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната порака на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната порака на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“, која почнува денеска, а ја спроведува ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Како што информираат од МВР, кампањата поаѓа од фактот дека во сообраќајот сите сме поврзани и дека однесувањето на секој поединец директно влијае врз безбедноста на останатите учесници. Во фокусот се вниманието, одговорноста и навременото препознавање на ризиците, со цел спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.

-Безбедноста во сообраќајот започнува со почитување на правилата, но и со свесност дека секоја наша постапка може да влијае врз другите. Возачите треба постојано да ја следат сообраќајната ситуација, да ги проверуваат ретровизорите и мртвите агли и да не дозволат мобилниот телефон или други фактори да им го одвлечат вниманието. Истовремено, сите учесници треба да бидат внимателни и одговорни во своето движење. Преку поддршката на кампањата „Јас внимавам“ сакаме дополнително да ја нагласиме важноста на превенцијата и на одговорното однесување во сообраќајот – изјавил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Реклама

Посочуваат дека со креативниот концепт „Што пропушташ кога не внимаваш?“, кампањата ги поттикнува граѓаните да ги препознаат опасностите што често остануваат незабележани, особено оние предизвикани од одвлекување на вниманието и користење мобилни телефони. Активностите ќе се реализираат преку различни комуникациски канали и на терен, со посебен акцент на видливоста, правилната процена на ризиците и заштитата на ранливите учесници во сообраќајот – пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети.

-Преку платформата „Јас внимавам“, ОКТА континуирано инвестира во подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Годинава кампањата е насочена кон поттикнување на поголема лична одговорност и самосвесност кај сите учесници во сообраќајот, охрабрувајќи ги да застанат за момент и да размислат што можеби превидуваат додека управуваат возило, преминуваат улица или се движат со велосипед, мотоцикл или тротинет. Веруваме дека преку одговорно однесување и поголема грижа кон луѓето околу нас можеме заеднички да придонесеме кон побезбедна сообраќајна средина. Бидејќи нашата цел не е само секој поединец безбедно да стигне до својата дестинација, туку сите безбедно да стигнеме до својата цел – посочува Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА.

-Секојдневното учество во сообраќајот бара постојано внимание, добра процена и одговорност. Затоа е важно да не се потпираме на претпоставки, туку да провериме уште еднаш, да го насочиме вниманието кон патот и да бидеме свесни за сите околу нас. Со ваквите иницијативи сакаме да поттикнеме сообраќајна култура во која секој учесник се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите – нагласил Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Едукативната платформа „Јас внимавам“ беше почната од ОКТА во 2017 година, а низ годините опфати бројни активности за унапредување на сообраќајната култура, едукација на децата, подобрување на безбедноста на пешаците и поддршка на ранливите категории учесници во сообраќајот.

Со новата кампања, МВР, ОКТА и РСБСП ја продолжуваат заедничката заложба за подигнување на свеста и развивање одговорни навики кај сите учесници во сообраќајот, со јасна порака дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност, а секој спасен човечки живот е најважниот резултат.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: