Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Економија

Ѓорѓиевски: По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“ – Гази Баба заслужува современи и безбедни улици

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Гази Баба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“, една од најважните сообраќајни артерии во општина Гази Баба – информираат од Град Скопје. 

– По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“. По оваа улица секојдневно минуваат луѓе кои со години чекаат подобри услови.  Нивното трпение заслужува одговор со конкретна работа. Денес, таа работа започнува. Со нов асфалт, нови тротоари и рабници, ставаме крај на долгогодишната голгота на жителите и создаваме побезбедни услови за возачите и пешаците. Гази Баба заслужува современи и безбедни улици. Иако реконструкцијата не беше дел од мојата програма, потребите на граѓаните се обврска. Програмата е темелот на она што сме го ветиле, но нашата работа нема да застане само на напишаното – изјавил Ѓорѓиевски.

Тој нагласил дека неодамна бил реконструиран и надвозникот ,,Естакада”, кој, како што рекол, исто така е од огромна важност, како и дека се вложува рамномерно во секоја општина, затоа што, според него, секое маало е важно и секој граѓанин заслужува уредена улица, безбеден тротоар и достоинствени услови за живот.