Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Околу 150 планинари учествуваа на деветтата „Милениумска патека“ на Сува Гора

Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово вчера по деветти пат ја организираше традиционалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово вчера по деветти пат ја организираше традиционалната планинарска акција „Милениумска патека“ на планината Сува Гора, на релацијата од селото Блаце до Волковија. На настанот учествуваа околу 150 лица од различни возрасни групи.

Акцијата, покрај спортско-рекреативниот карактер, има и едукативна димензија, овозможувајќи им на учесниците да се запознаат со богатото културно и духовно наследство на регионот.

Како што рече Борис Стојановски од ПК „Јелак“, планинарите тргнале од селото Блаце во 9 часот, при краткотраен дожд, по што времето се разведрило и продолжиле по предвидената патека. Посебен белег на настанот биле бројните рекреативци и најмладите учесници, кои со својата разиграност придонеле за позитивната атмосфера.

Реклама

Од селото Блаце и црквата „Св. Троица“, патеката продолжи кон живописното Стенче, каде што беа посетени црквите „Св. Петка“, „Св. Илија“ и „Св. Екатерина“, како и локалитетот „Граиште“ со својата импресивна ранохристијанска базилика. Потоа, колоната продолжи кон селото Волковија и духовниот храм „Св. Георги Победоносец“.

-Авантурата финишираше околу 14:30 часот со пристигнување на крајната дестинација – црквата „Св. Мина“ во село Волковија. Таму беше обезбеден ручек на целта, со што официјално и со многу позитивна енергија беше затворен уште еден прекрасен есенски ден на „Милениумска патека“. Посебна топлина на целото патување му даде домаќинскиот пречек од сите црковни одбори од Блаце, Стенче и Волковија, кои ги пречекаа планинарите – изјави Стојановски. 

„Милениумска патека“ за првпат била организирана во 2018 година, по иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и Македонската православна црква, по повод одбележувањето на 1.000 години од Охридската архиепископија.