Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Прилози

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Бугарија избира претседател, главен фаворит е актуелната вршителка на таа должност Илијана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија избира претседател, главен фаворит е актуелната вршителка на таа должност Илијана Јотова, која доаѓа од партијата на премиерот Румен Радев. Прашањето е дали работата ќе биде завршена во првиот круг или ќе се оди во втор, за една недела, на први ноември. Според анкетите Јотова и кандидатот за нејзин заменик Кирил Валчев, имаат убедлива предност и поддршка меѓу 45 и 47 проценти. Нејзините ставови за Македонија се целосно исти со актуелната централна власт во Софија, односно нема старт на преговори за членство во ЕУ, без внесување на Бугарите во Устав под актуалните услови. Таа очекува на овие избори, граѓаните да изберат правда, иднина и перспектива за својата држава.

-Гласав затоа што длабоко верувам дека Бугарија ќе доживее подем. Длабоко верувам дека треба да има мир, стабилност и сигурност. Гласав за тоа секоја генерација во нашата земја, и постарите луѓе, и активните луѓе кои го одржуваат нашето општество здраво, и младите луѓе кои треба да ја имаат својата иднина во својата татковина, да имаат правда, перспектива и просперитет, изјави Јотова.

Втор фаворит е Андреј Ѓуров, поддржан од прозападните, реформистички партии. Тој и кандидатот за негов заменик Георги Кандев, имаат рејтинг меѓу 25 и 30 проценти. Ѓуров е поренашен заменик гувернер и екс вршител на должноста премиер на Бугарија. Тој отворено го поддржува Киев, а како претседател на Владата, потпиша договор за безбедносна соработка со Украина. Според него земјата заслужува спокојност и граѓаните повеќе да не живеат во страв.

Реклама

-Ние не сакаме нашите деца да живеат во страв, во зависност, во сиромаштијата на минатото, во кое некои луѓе сакаат да нè вратат. Ја сакаме Бугарија која што гледа напред, која е европска, слободна и горда, во која приходите стигнуваат, спокојни сме за утрешниот ден и државата си е на место. И тоа е единстивен избор меѓу две насоки и тоа се случува денеска, изјави Ѓуров.

Трет фаворит далеку зад првите двајца, е бугарскиот националист Костадин Костадинов, лидер на проруската националистичка партија Преродба. Тој и неговиот кандидат за заменик Петар Волгин имаат рејтинг некаде околу 12 проценти. Костадинов вели дека крајно е време е Бугарите да направат избор во корист на својата држава, а не на странски сили.

-Гласав за слободна и независна Бугарија, гласав за иднината на нашата земја, која ние Бугарите сами ќе ја определуваме. Гласав за бугарски претседател, а не за претседател на Бугарите. Сметам дека крајно време е Бугарија да направи избор во корист на самата себе, а не во корист на други организации и држави, изјави Костадинов.

Овие избори се и оценка за работата на актуелната власт предводена од Румен Радев, кој убедливо победи на парламентарните избори пред шест месеци. Тој повика на масовна излесност, велејќи дека не очекува се да заврши денеска.

-Најверојатно нема да имаме избран претседател во првиот круг, затоа што гледате дека избирачката активност се уште е доста ниска. Јас сакам да ја искористам оваа прилика да повикам на избирачка активност. Бугарите нека излезат да гласаат, затоа што легитимитетот на нашите институции произлегува од нашето гласање, колку помасновно е гласањето, толку поголем е легитимитетот, изјави Радев.

На изборите има 27 кандидатски двојки, а кампањата на овие главно беше базирана околу серијата напади со дронови, врз трговските бродови по должината на бугарскиот брег на Црното море, во кои загинаа дваесет морнари од различни земји. Тие напади предизвикаа низа осуди од Западот, но и загриженост за ширењето на руско- украинската војна. Поради

Затоа бугарската Влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Премиерот Румен Радев кажа дека „резултатот на тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите.

Матеја Петровски