Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Балкан

Избирачкото место на ПМФ во Белград: надеж, насмевки и трпеливо чекање

Редици пред влезот, граѓани кои трпеливо чекаат да го остварат своето гласачко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редици пред влезот, граѓани кои трпеливо чекаат да го остварат своето гласачко право, насмевки, возбуда и надеж дека изборниот ден ќе мине во мирна атмосфера. Вака изгледаше утрото на гласачкото место на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Белград, каде уште во девет часот имаше забележителен број граѓани кои чекаа да гласаат.

Меѓу оние што излегоа на гласање имаше расположени и насмеани граѓани кои без двоумење за МИА зборуваа за своите очекувања, но и такви кои не сакаа да застанат пред новинарскиот микрофон. Некои со возбуда го најавуваа исходот од изборите, други внимателно ги одмеруваа зборовите, а имаше и такви кои не ја криеја недовербата кон новинарските прашања во однос на изборната битка меѓу листата „Студентите победуваат“ и владејачката Александар Вучиќ – Обединета Србија“

На прашањето дали веќе гласал, едно младо момче, кое според возраста штотуку го стекнало правото на глас рече: „Не, сега ќе одам“. – Очекувам и се надевам дека студентите ќе победат. Студентите победуваат 100 отсто. Вучиќ ќе мора и треба да признае пораз“, рече младиот соговорник, убеден дека изборниот ден ќе заврши во корист на студентите.

Реклама

Оптимизмот се чувствуваше и кај две жени кои, насмеани и видно расположени, веќе го имаа завршено гласањето.

– Ја исполнивме граѓанската должност. Гледаме редици пред нас за гласање. Ова е празник на демократијата – изјави за МИА Милена Д. – Сега чекаме, па да се радуваме на победа. Студентите победуваат – дополнува Тамара.

За нив, утринскиот метеж не беше причина за нетрпение, туку дополнителен повод за оптимизам. Редиците ги доживуваа како знак дека граѓаните сакаат да учествуваат во одлучувањето за иднината на земјата.

Сосема поинаква реакција имаше еден дотеран господин со намуртен израз на лицето. На прашањето дали ја исполнил граѓанската должност, кратко и отсечно одговори: „Што ти е гајле“.

И една средовечна жена, која излезе од гласачкото место со сериозен израз на лицето, одби да разговара со МИА, образложувајќи дека е изборен молк.

Но, имаше и такви кај кои возбудата по гласањето беше видлива уште пред да почне разговорот. Драгана, повозрасна госпоѓа со насмевка и искри во очите, зборуваше за денот со голема надеж.

„Денеска очекувам сè најдобро“, рече таа. На прашањето дали очекува дека поразените, без разлика на тоа кој политички субјект ќе биде во прашање, ќе го признаат поразот, Драгана одговори без двоумење: „Нема што да се признае. Сè е јасно“.

За неа, раната излезност беше особено охрабрувачка. Глетката на граѓаните кои уште од утринските часови чекаа пред гласачките места ја оцени како нешто прекрасно, а зад нејзиниот оптимизам стоеше и лична приказна за едно утро исполнето со исчекување.

– Прекрасно нешто. Првпат наместив четири аларми за будење, со огромна надеж дека навистина ќе има будење во цела Србија – истакна Драгана.

Возбудата, раскажа таа, не почнала со доаѓањето на гласачкото место. Целото утро добивала пораки од роднини и пријатели кои ја известувале дека веќе гласале. – Сега е девет часот, а се чини дека јас последна гласав од нив – рече низ смеа.

По гласањето, како што најави, следува уште еден долг период на исчекување. Таа и нејзините блиски ќе ги следат социјалните мрежи, ќе ги разменуваат информациите и ќе чекаат да видат дали надежите со кои го почнале денот ќе се остварат.

Редици се формираа пред речиси сите гласачки места низ Србија, а според РТВ, првите граѓани се нашле пред вратите на избирачките места околу пет часот, два часа пред официјалното отворање. Според снимки објавени на социјалните мрежи долги редици имало и во дијаспората, во Чикаго, Лос Анџелес, Вашингтон, Париз и Љубљана, а во Париз гласачите чекале во ред на дождливо време.

Републичката изборна комисија ја одржа првата редовна прес-конференција на која претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ рече дека на некои избирачки места малку се доцнело со отварањето поради големиот интерес на гласачите и подготовката на членовите на избирачките одбори за почетокот на гласањето и замоли за разбирање од страна на бирачите и членовите на избирачките одбори.

– По утрото денот се познава – изјавија студентите во блокада на првата прес-конференција утрово додавајќи дека во градовите ширум Србија граѓаните на избирачките места почнале да пристигнуваат уште од 6 часот.

Тие соопштија дека на некои бирачки места се воочени неправилности кои нивните контролори ги отстраниле. Според Студентите во блокада, до 10 часот гласале повеќе од 19 отсто од граѓаните со право на глас.

Владејачката СНС засега не го коментира изборниот ден.

Бројката од 19,8 отсто излезност до 10 часот ја потврди и невладиниот Центар за истражување, транспарентност и одговорност (Црта).

Според проценката на невладината организација Центар за слободни избори и демократија Цесид и Ипсос, на примерок од 94 проценти обработен примерок, до 9 часот гласале 12 проценти од избирачите.

Мисијата на ОБСЕ ОДИХР што ги следи изборите во Србија соопшти дека големата излезност е добар знак за државата.

Србите денеска гласаат на 15-тите парламентарни избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година. Во Единствениот избирачки список се запишани 6.450.523 граѓани со право глас кои избираат 250 народни пратеници. Гласањето се одвива на 8.392 гласачки места од кои 93 се во 37 држави во странство. На гласачкото ливче има вкупно 18 изборни листи кои беа официјално потврдени и прогласени од страна на РИК.