Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Македонска книжевна средба „Читај ја Македонија” во Долгопрудни 

Македонска книжевна средба под мотото „Читај ја Македонија!“, посветена на македонската литература…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонска книжевна средба под мотото „Читај ја Македонија!“, посветена на македонската литература и драматургија за деца се одржа во рамки на јубилејното 20. издание на Театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2026“, во рускиот град Долгопрудни.

Настанот беше организиран од претседателката на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва, Олга Панкина, како дел од нејзиниот проект за промоција на македонската култура во Русија. Средбата, како што информира Панкина, се одржала на отворен простор пред театарот „Город“, традиционален домаќин на фестивалот и долгогодишен пријател на Македонија, кој во повеќе наврати учествувал и бил наградуван на Фестивалот на античка драма во Стоби.

-Во интерактивна атмосфера, актерите од театарот „Город“ низ разговор и игра ги запознаа најмладите посетители со историјата на словенската писменост и улогата на светите браќа Кирил и Методиј. Истовремено, беа претставени бројни македонски автори за деца и млади, од класиците Ванче Николески и Видое Подгорец до современите писатели Киро Донев, Биљана Станковска, Горјан Петрески, како и младите авторки Натали Спасова и Хана Корнети – се вели во соопштението.

Реклама

Публиката имала можност да се запознае и со поезијата на македонските писатели Бошко Смакоски, Васил Пујовски, Волче Наумчески, Васил Куновски, Цане Андреевски, Киро Донев, Панде Манојлов и Стојан Тарапуза.

Во рамки на настанот, Панкина на библиотеката во Долгопрудни ѝ подарила повеќе понови изданија на македонски дела преведени на руски јазик, меѓу кои романот „Другата мајка“ од Драгица Најческа, „Силјан Штркот“ од Марко Цепенков, како и изданија на руското списание „Иностранаја литература“ во кои се објавени дела од македонски автори за деца.