Честитки за коалицијата СДСM–ДУИ. Кузеска толку се грижи дали ДУИ ќе победи во Брвеница, а притоа СДСM воопшто нема свој кандидат во вториот круг, се вели во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ.
Па, откако СДСM остана без свој кандидат, од каде толкава загриженост за изборниот резултат на ДУИ?
Наместо СДСM да се грижи за сопственото членство и да зборуваат за сопствената политика и поддршка, СДСM се грижи за ДУИ.
СДСM се занимаваат со се освен за сопствениот дебакл кој го доживееа во Брвеница. Граѓаните им испратија јасна порака на Филипче и СДСM во Брвеница.
Филипче и СДСM се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.
Кога СДСM нема кандидат во финалната трка, а толку внимание посветуваат на тоа дали ДУИ ќе победи, тогаш нека се изјаснат јавно за граѓаните да знаат кој за кого навива и чии интереси всушност од СДСM се бранат?
Честитки коалција СДСM- ДУИ.

