Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

МВР: Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронашол и во полиција предал лични документи, 114 000 денари и околу 2 000 евра

Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронашол лични документи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција, пишува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14 часот, во Полициската станица – Делчево, 18-годишен жител на градот предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра. Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во градот пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица – информираа од МВР.

Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која, како што нагласува, претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

Реклама

-Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорно однесување во заедницата – потенцираа од МВР.