Студентите и професорите собрани на протестот пред зградата на Владата во Тирана го одбија повикот за преговори од премиерот Еди Рама, превртувајќи ги столчињата што претходно беа поставени пред влезот како симбол за разговори.
Со извици „Нема дијалог без оставка“, демонстрантите ги отстранија црвените столчиња со натпис „Дијалог“, со што јасно порачаа дека одбиваат какви било преговори со власта додека не се исполнат нивните барања. Во утринската порака, Рама изрази подготвеност за дијалог, но порача дека нема да дозволи да биде соборен со насилство. Тој тврди дека сè што се случува е обид за дестабилизација и попречување на преговорите со ЕУ. Инаку, во досегашните протести повеќе од 300 луѓе се повредени. Во судирите повредени се 190 полицајци, 99 демонстранти и триесетина случајни минувачи.

