Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Прилози

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Од село со речиси 500 жители до место во кое денес постојано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од село со речиси 500 жители до место во кое денес постојано живеат само четворица. Судик, сместено на тромеѓето меѓу Штип, Свети Николе и Пробиштип, на дваесетина километри од Штип, ја дели судбината на многу македонски села од кои луѓето низ годините се иселувале, оставајќи ги куќите празни.

Осумдесетгодишниот Тимче Тодев пред една деценија повторно се вратил во родното место. Тој и неговата сопруга се меѓу ретките што живеат овде.

„Повторно се вратив овде. Се занимаваме со стока. Чуваме кози и овци. Сега во селото нема никој, ние што се вративме и уште две фамилии што имаат останато. Порано народ имаше многу, посебно на Велигден се собираа и од околните села. Музика, свирка, оро, оваа нива беше полна со луѓе“, вели осумдесетгодишниот Тимче Тодев.

Реклама

Сложноста Судикани ја покажале и при обновувањето на селската црква, која претходно била урната. Сите сложно, со труд и средства, успеале да ја изградат за околу две години.

Од училиштето денес останала само руинираната зграда. Голем дел од куќите се срушени, а камените остатоци сведочат за некогашниот живот. Селото крие и богато историско минато. Било населено уште во доцната антика. За него се поврзуваат многу легенди и преданија. Се претпоставува дека неговото име потекнува од зборот „судница“. Во IX век, во времето на Брегалничката мисија, овде престојувал свети Методиј. На местото каде што се наоѓа археолошкото наоѓалиште Кулата се претпоставува дека вршел судска и управна функција. Тодев раскажува и за пештерата скриена меѓу ридовите, но и за кралицата која, според легендата, овде го капела своето дете.

„Во пештерата има многу работи што може да се видат. Со голо око можат да се видат стапалки од куче, овца, маче. Постои и предание за кралица која си го капела детето во коритото, кое е издлабено во карпа“, објаснува Тимче Тодев.

Судик е само еден од примерите за демографското празнење на руралните средини. Според Пописот од 2021 година, дури во 22 населени места во Источниот регион немало ниту еден резидентен жител. На картата овие села сè уште постојат, но без луѓе што постојано живеат во нив.