Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Димовска од Рим: Довербата во законодавниот дом се заслужува со доследна примена на етичките стандарди

Транспарентноста, интегритетот и етичкото однесување се клучни предуслови за зајакнување на довербата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспарентноста, интегритетот и етичкото однесување се клучни предуслови за зајакнување на довербата на граѓаните во законодавниот дом, порача генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, на Состанокот на генералните секретари на парламентите, што се одржа во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти и генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа во Рим.

На состанокот, посветен на прашањата за транспарентност, интегритет и етика во парламентарното работење, Димовска истакна дека Собранието презема конкретни чекори за унапредување на овие принципи, посочувајќи го донесувањето на новиот Етички кодекс за пратениците, како и подобрувањето на пристапот до информации и дигиталните услуги.

Сепак, според неа, најважна останува доследната секојдневна примена на етичките стандарди.

Реклама

– Довербата на граѓаните се гради секојдневно, преку одговорно, транспарентно и отчетно работење. Довербата не е нешто што од граѓаните едноставно се бара, туку вредност што се заслужува секој ден – нагласи Димовска во своето обраќање.

Таа оцени дека силните демократски институции, владеењето на правото и ефективниот парламентарен надзор се од суштинско значење и за напредокот на државата кон членството во Европската Унија.

Димовска се осврна и на значењето на меѓупарламентарната соработка и улогата на Европскиот центар за парламентарно истражување и документација (ЕЦПРД) во јакнењето на парламентарните капацитети и споделувањето добри практики.

На состанокот, како што информираат од Собранието, воведни излагања имале и генералната секретарка на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Хаџивасилиу, генералниот секретар на италијанскиот Дом на пратениците, Фабрицио Касталди и генералниот секретар на Сенатот на Италијанската Република, Федерико Силвио Тонијато, по што следела размена на искуства меѓу парламентарните администрации.

Во рамките на состанокот, исто така, бил разгледан и усвоен Привремениот годишен извештај за работата на ЕЦПРД за периодот јануари 2025 – јуни 2026 година, а биле утврдени и приоритетите и програмата за работа на центарот за периодот 2027 – 2028 година.

На маргините на состанокот, Димовска остварила и неколку билатерални средби со свои колеги, на кои, како што информираат, се разговарало за унапредување на соработката меѓу парламентарните служби, размена на искуства и добри практики, а била изразена надеж дека средбите ќе резултираат со конкретни проекти за меѓупарламентарна соработка.