Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Кичево се менува и оди напред, се градат улици, патишта, рекреативни паркови, водоводи, канализации, по долги години се решава и проблемот се депонијата

Од моментот на историските промени во општина Кичево фокусот се стави на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од моментот на историските промени во општина Кичево фокусот се стави на подобрување на инфраструктурата, унапредување на комуналните услуги, создавање подобри услови за образование, спорт и култура, како и одговорно управување со општинските средства – се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во изминатиот период се реализираа значајни инфраструктурни проекти во градот и населените места, со цел подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните. Меѓу позначајните завршени зафати се реконструкцијата на локалниот пат Челопеци – Рабетино во вредност од над два милиони денари, патот во Грешница во вредност од 11,85 милиони денари, локалниот пат Колибари – Црвивци во вредност од 22,6 милиони денари, како и патот во Србица, за кој се инвестирани 35,4 милиони денари.

Реконструирани се и локалните патишта Мамудовци – Стрелци и Вранештица, улици во Зајас и Србица, како и локалниот пат до манастирот „Св. Богородица Пречиста“, во должина од четири километри и со вредност од 34 милиони денари.

Реклама

Завршени се и други значајни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, од мостот на реката Сушица до регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, во вредност од 26,7 милиони денари, реконструкцијата на краците 1 и 2 на улицата „4-ти Јули“, како и уредувањето на паркинг-простори во Тајмиште и кај ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ и интернатот.

Во тек се реконструкцијата на улицата „Тренко Тасески“, улицата „Тане Цалески“ и крак од улицата „Јанко Михајлоски“, како и зафати на улиците „Цар Самоил“, „Димитар Влахов“ и други локални патишта, а започната е и изградбата на нова улица во просторот околу поранешната „Штрафара“, со планирани тротоари за побезбедно движење на пешаците.

Исто така, во тек е изградбата на детски рекреативни паркови, за кои се издвоени 2,5 милиони денари, се работи на изградба на паркинг-простори во блокот на таканаречените „Воени“ згради, а посебно значење има планираниот развој на спортските терени во комплексот „Горица“, заедно со соодветно решение за атмосферските води.

Реализирана е фекална канализација во село Грешница, атмосферска канализација во Зајас – Челиковци, како и фекална канализација и водоводна линија на улицата „Партизански одреди“ во населбата Осој.

Во Иванчишта и Ново Село се очекува почеток на изградбата на резервоари за снабдување со питка вода, а меѓу приоритетните капитални проекти е и резервоарот „Осој“, со капацитет од 500 кубни метри, наменет за жителите на Раштани и Осој, но и како дополнителен резервоар за градот Кичево.

А, во областа на животната средина, општината обезбеди дополнителни 10 милиони денари за решавање на проблемот со депонијата и изнесување на отпадот во регионална депонија, спроведена е дезинсекција, подготвен е план за дератизација, а постапката за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња е во завршна фаза на јавна набавка.

Покрај реализираните и започнатите проекти, Општина Кичево подготвува поширок пакет капитални инвестиции чија вредност надминува 470 милиони денари, а меѓу приоритетите се реконструкцијата, проширувањето и урбаното уредување на градскиот плоштад, со проценета вредност од околу 2,5 милиони евра, спортските терени во комплексот „Горица“, воведувањето паметни водомери, локалните патишта кон Ехловец, Иванчишта, Лешница и Кладник, како и изградбата на улици и потпорни ѕидови во Белица.

Предвидени се и активности за подобрување на урбанистичкото планирање, при што иницирани се постапки за парцијални измени и дополнувања на Генералниот урбанистички план и деталните урбанистички планови на површина од околу 20 хектари. Во завршна фаза е и постапката за продажба преку наддавање на околу 40 градежни парцели.

Обезбедени се ваучери за првачињата и награди за учениците кои оствариле значајни резултати на државни и меѓународни натпревари, во рамките на социјалната поддршка, доделени се 99 годишни финансиски помошти за лица со попреченост, во вкупна вредност од 4.752.000 денари. Паралелно се работи на инфраструктурни подобрувања во училиштата, вклучително и зафати во ООУ „Санде Штерјоски“, паркинг-просторот кај ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ и санитарниот блок во ООУ „Наим Фрашери“ во Јагол, а иницирана е и иницијатива за проширување на детската градинка „Олга Мицеска“.

Кичево оди напред со конкретни проекти и одговорно работење со цел плановите да станат проекти, проектите да се реализираат, а придобивките да ги почувствува секој граѓанин, без разлика на населеното место, етничката, верската или политичката припадност. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ