Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Мицкоски за проектите на Владата: Два студентски дома за младите, шест автопатишта се градат, два гасоводи

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето на една од телевизиите, се осврна на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето на една од телевизиите, се осврна на клучните проекти што се реализираат од страна на Владата. Тој ја истакна изградбата на шест автопатишта, два студентски дома, два гасоводи и редица други инвестиции во инфраструктурата, образованието и енергетиката.

„Има многу проекти: шест автопатишта се градат, два гасоводи, има историско зголемување на пензиите. За младите имаме два студентски дома, кои сега ги пуштаме, имаме осум училишни дома, кои почнуваат со фаза на реализација. Ве поканувам во Ченто, да го посетите училиштето ‚Крсте Мисирков‘. Не три, туку 1.233 проекти се градат во општините. На државно ниво сѐ што беше оставено и запуштено – дали експресниот пат Страцин – Крива Паланка, дали експресниот пат Градско – Фариш – Дреново, пругата Куманово – Бељаковце, сега втората, па третата фаза до границата со Бугарија, проектирањето на брзиот пат од Кочани преку Виница до Делчево и од Радовиш до Струмица, далноводот Битола – Елбасан, кој беше оставен до никаде“, посочи Мицкоски набројувајќи ги проектите што во изминатиот период се реализирале или биле одглавени и ставени во функција.

Дополнително, Мицкоски откри кои проекти посакува да почнат со реализација до крајот на мандатот:

Реклама

„Имам цел да ставиме камен-темелник на ‘Чебрен’ и ‘Галиште’. Имам таква цел затоа што тоа е иднината на државата“, порача премиерот Мицкоски.

На крајот, тој потсети дека од првиот ден по изборот на Владата, во периодот што следуваше се отворени речиси 17 илјади нови работни места, односно бројот на вработени порасна од 691.000 на 708.000, што за економија како македонската претставува значаен исчекор. Исто така, како што посочи, намалена е стапката на невработеност за повеќе од 1 % на годишно ниво и истакна дека Владата прави сѐ што може за да го испорача она што граѓаните го очекуваат.