Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август

Прометот во индустријата во август 2026 година бележи зголемување од 8,8 проценти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прометот во индустријата во август 2026 година бележи зголемување од 8,8 проценти во однос на август 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, пораст на прометот е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, за 1,4 проценти, капиталните производи за 17,1 процент и нетрајните производи за широка потрошувачка за 6,9 проценти.

Кај трајните производи за широка потрошувачка, пак, е забележано намалување на прометот од 4,2 проценти.

Реклама

Во однос на јули 2026 година, прометот во индустријата во август бележи пад од 16,3 проценти. Во периодот јануари – август 2026 година, во споредба со истиот период лани, прометот е зголемен за 3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2026 година, во однос на август 2025 година, е зголемен за 4,4 проценти, додека во првите осум месеци од годинава бележи раст од 3,9 проценти.

На странските пазари, прометот во август е зголемен за 11,2 проценти на годишно ниво, додека во периодот јануари – август 2026 година растот изнесува 3,1 процент.

Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во август 2026 година, во однос на август 2025 година, имаат производството на прехранбени производи со 2,7 проценти, производството на моторни возила, приколки и полуприколки со 17,4 проценти и производството на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 17,3 проценти.