Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Со европски пари ќе се рекултивира старото хидројаловиште во Пробиштип

Старото хидројаловиште во Општина Пробиштип, кое се наоѓа во непосредна близина на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Старото хидројаловиште во Општина Пробиштип, кое се наоѓа во непосредна близина на градот Пробиштип ќе се рекултивира со средствата од Европската Унија, најави денеска градоначалникот Тони Тоневски. Тој посочи дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при последната посета на Македонија најавила оти се обезбедени средства од фондовите на ЕУ за реализација на овој проект. 

 ​-Пред неколку дена кога беше во посета на Македонија еврокомесарката Фон дер Лајен има разговарано на таа тема и старата јаловишна депонија е влезена во топ-ап проектите од реформската агенда, значи се обезбедени средства од страна на Европската Унија и очекувам многу брзо да почне со физичка активност на оваа депонија – вели Тоневски. 

Тој очекува дека рекултивирањето на старото хидројаловиште, односно рударска брана ќе почне наредната година, а самиот процес ќе опфати одводнување на просторот, поставување на геомембрана и последната фаза е просторот да се покрие со хумус, односно земја. 

Реклама

Тоневски додава дека по рекултивирањето на старото хидројаловиште, во кое со години е складиран отпад по преработката на олово-цинковата руда просторот ќе биде искористен за парк и изградба на нови спортски игралишта. Станува збор за површина од 55 хектари.