Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

„Вински фестивал – Македонско село“ од 16 до 18 октомври

Со мото „Вкуси ја Македонија во чаша“, од 16 до 18 октомври…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мото „Вкуси ја Македонија во чаша“, од 16 до 18 октомври во комплексот „Македонско село“ ќе се одржува првото издание на „Вински фестивал – Македонско село“, посветен на македонското вино, гастрономијата, музиката и традицијата.

-Фестивалот е замислен како место каде што ќе се сретнат љубителите на виното, домашните производители и публиката, во амбиент кој природно ја раскажува македонската приказна. Во винската зона посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од македонски винарии, да ги запознаат нивните производи и да уживаат во разни вински и гастрономски комбинации. Фестивалската влезница чини 1.000 денари, а со неа посетителите на влез добиваат фестивалска чаша и можност за неограничена дегустација на вината од учесниците, соопшти организаторот. 

Покрај винската понуда, фестивалот ќе има и посебни гастрономски зони – „Вино & Сирење“, „Сладок корнер“, „Кафе & Кроасан“ и „Скара корнер“, со различни вкусови и производи кои ќе го надополнат винското искуство. 

Реклама

Во трите фестивалски вечери музичката програма ќе биде исклучиво македонска. Ќе почнува во текот на денот (в петок од 16 часот и напладне во деновите од викендот), а фестивалските вечери ќе завршуваат со настапи на главната сцена. На фестивалот ќе има и содржини за најмладите.

Прв на сцената в петок, во 16 часот, ќе настапи диџеј Бранчез, по него следуваат Нино Величковски и неговите тамбураши, Благица Павловска и од 20 часот –  Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд. В сабота (17 октомври) музичката програма ќе почне со диџеј Ерик Фокс во 12 часот, потоа ќе настапат тамбурашите Ѓезме, Александар Тарабунов, Александар Јосифовски, а од 20  часот е концертот на  Дамјан Стојаноски и неговиот оркестар. Неделата (18 октомври) е резервирана за група Коштана (12:00), по што ќе следуваат настапите на Смиља Митревска, Огнен Здравковски, Ѓоко Танески и од 20 часот настапот на диџеј Галоски. 

-За посетителите кои сакаат целосно да го доживеат фестивалот, „Македонско село“ подготви и посебна винска викенд-понуда со сместување, појадок, фестивалски влезници и дегустација на вината. За полесен пристап и безбеден превоз од и до фестивалот, во текот на трите фестивалски дена ќе биде организиран и автобуски превоз кон комплексот „Македонско село“. Автобусите ќе сообраќаат на секои 30 минути од две локации во Скопје – паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ и последната автобуска постојка кај Цветен пазар, со што посетителите ќе имаат дополнителна можност да стигнат до фестивалот, се наведува во соопштението.