Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На минатото рочиште Обвинителството поставуваше вксрстени прашања на вештакот Петре Русески, кој има изработено градежно вештачење за одбраната. Тој, остана на ставот дека од градежен аспект објектот не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за ентериерно уредување.

Според тврдењата на вештакот Русески, објектот од самиот почеток е проектиран и изведен за деловна намена, што според Законот за градење го прави ист вид на објект и по неговото приспособување во дискотека.

Реклама

На почетокот на вкрстеното испрашување, Обвинителството ја проблематизираше стручноста и кредибилитетот на вештакот Петре Русески, отворајќи прашања за неговото образование, познавањето на Законот за градење, на што одбраната реагираше со приговори барајќи да се поставуваат суштински прашања за побивање на наодот, при што најави дека доколку вештите наоди на Обвинителството и на одбраната не се совпаднат, ќе побара изработка на супервештачење за конкретната област. 

Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во изјава за медиуми реагираа како е можно мислењето на ова вешто лице од одбраната да се користи за оспорување на целокупното вештачење, кога тоа се изјаснува само од градежен аспект и од неговите одговори се гледа дека не може да одговори на сите прашања што произлегуваат од вештачењето на обвинителството.

-Вештачењето на Обвинителството не го опфаќа само градежниот аспект, туку повеќе области – урбанизам, градежништво, ДЗС, противпожарна заштита и други прашања поврзани со случајот. Затоа, ако вештакот на одбрана не може стручно да се изјасни за сите тие области, тогаш неговото мислење е ограничено на она за што е повикан и за што има стручна компетентност. А сега, кога одбраната бара супервештачење, останува на судот да оцени дали навистина постојат суштински и неразрешливи спротивности меѓу вештачењата или повторно се бара ново вештачење само затоа што постојното не ги потврдува тезите на одбраната – изјави Александар Наунов.  

Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.