Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Реновиран машкиот оддел за ургентна психијатрија во болницата во Бардовци, зголемен бројот на пациенти кои се таму по судска одлука

Отворен е реновираниот Машки оддел за ургентна психијатрија при ЈЗУ Психијатриска болница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен е реновираниот Машки оддел за ургентна психијатрија при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“. Со реконструкција во износ од околу 300.000 евра, заменети се и сите инсталации, прозорите, решетките, тоалетите и целата нивна инфраструктура.

Директорот на болницата, Иса Авдулаи рече дека комплетното реновирање на одделот во вредност од околу 19 милиони денари е резултат на заеднички напор, посветеност и работа.

– Моја обврска останува и понатаму да создавам подобри услови за пациентите, современи стандарди и развој на здравствената заштита во областа на менталното здравје. Верувам дека отварањето на овој оддел ќе биде само важен чекор за да продолжиме напред со нови инвестиции во нашата болница. Најавувам дека следната година повторно ќе се сретнеме заедно за да отвориме уште еден современ реновиран простор, а тоа е судското одделение, додаде Авдулаи.

Реклама

На отворањето на реновираниот оддел во болницата присуствуваше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека психијатриската грижа му била едно од тешките искуства уште како студент, показател колку лошо се третирани психијатриски болни.

– Тешки и шокантни беа сликите тогаш, тешки и шокантни беа сликите и сега кои можевте да ги видите на фотографиите. Уште како директор на ФЗО си поставив цел да ја унапредиме психијатриската грижа. Тоа значеше јавните здравствени установи со сопствените буџети да можат да вршат континуирано реновирање на просториите, бидејќи кај психијатриските установи проблемите не можат да се решат со кампањи еднаш на пет или на 10 години, потребно е постојано реновирање, постојана хигиена и одржување. ​Ми беше драго што пред две години со директорот постигнавме согласност дека има услови за зголемување на основниот надомест и тој ќе вклучува и средства за континуирано реновирање на оваа установа. Слично постигнавме и во установата во Негорци, во Клиниката за психијатрија извршено е  реновирање, рече Клековски.
 
Посочи дека останува прашањето на установата во Демир Хисар, која работи во многу тешки услови и дека ќе бидатг посветени наскоро да најдат решение и за тој проблем.

– Грижата за менталното здравје не е само грижа за психијатриските установи. Во Фондот уште минатата година во превентивните цели за примарното здравство за матичните доктори е поставена нова цел рано откривање депресија кај младите луѓе, бидејќи во модерното општество сè повеќе ќе имаме потреба од тоа. Се надевам дека наскоро ќе можеме да започнеме да работиме на реализација на мрежа за ментално здравје на младите, бидејќи во основа треба да се грижиме за почетните состојби и да откриваме колку можеме и третираме психијатриски состојби во раните фази, за да не бидат после потребни повеќе вакви установи. ​Дел од работите се скромни, меѓутоа мислам дека се добар почеток во одржување барем минимално нормални услови за пациентите тука, додаде Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање директорот на болницата Абдулаи рече дека има мало зголемување на бројот на пациенти во болницата и дека имаат 300 до 320 пациенти. 

Клековски потенцира дека околу 300 пациенти има во Демир Хисар и околу 240 во Негорци. Во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за психијатрија, појасни министерот, повеќе се фокусирани на акутни состојби, додека овие три установи на хронични состојби. – Има зголемување на бројот на пациенти кои се тука по судска одлука што става зголемен притисок на капацитетите на судските одделенија, рече Клековски.
 
Авдулаи рече дека моментално имаат негде 97 судски пациенти, а имаат одделенија со 40 легла.

– Најтешките случаи значи ги држиме во тоа одделение, а другите пациенти ги имаме распоредено низ другите одделенија. Тие што се за семејно насилство, за полесни дела што имаат решение ги имаме распоредено низ другите одделенија за да можеме да излеземе во пресрет и на судовите. ​Затоа до година планираме и верувам дека ќе стигнеме и комплетно да го реновираме судското одделение, со тоа малку и да ги зголемиме капацитетите на одделението, додаде Абдулаи.

Одговарајќи на новинарско прашање Авдулаи рече дека во Психијатриска болница „Скопје“ примаат пациенти над 18 години, а пациентите помлади од 18 се третираат во Клиниката за психијатрија и во ГОБ „8 Септември“, и имаат пациенти со шизофрении, депресии…

Во врска со реконструкцијата, Клековски рече дека идејата која ја разговарале со директорот е дека тоа не е еднократно финансирање, туку треба да биде достапно секоја година и да се обновува објект по објект и кога ќе заврши тој круг да се почне од почеток, бидејќи овој тип на установи бара многу големо одржување.
 
Во врска со употребата на антидепресивите, Клековски рече дека во основа на листата водат ансиолитиците, дека има некритична употреба генерално на лекови во барање на лесни решенија.

– Ниту еден лек не нуди лесно решение, решенијата треба да ги бараме по длабоко во животен стил, во слични ситуации, меѓутоа тие се долги теми. Јас сум радосен што минатата година успеавме во антибиотиците да го намалиме издавањето за три проценти. Со говорење на овие теми и со дејствување со матичните лекари, би сакале навистина да постигнеме да не бидеме на врвот на употреба на ансиолитици во Европа, додаде Клековски.