Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Емин Алпер: Барам приказни кои вреди да се раскажат и видат

Турскиот режисер и сценарист Емин Алпер е годинашен лауреат на 11. издание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турскиот режисер и сценарист Емин Алпер е годинашен лауреат на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ што ќе се одржува од утре до сабота. Тој е и претседател на стручното жири во кое членуваат и Александра Марковиќ и Гоце Цветановски. 

Долгометражните филмови на Алпер премиерно се прикажуваат на водечките светски фестивали: Берлинале, Венеција и Кан. Од дебитантскиот „Beyond the Hill“ до неговиот најнов филм „Salvation“, неговото творештво е одбележано со значајни меѓународни признанија како Сребрена мечка на Берлиналето 2026, Европска филмска награда за монтажа во Кан, специјална награда од жирито во Венеција…

Во неговите филмови главно се портретирани обичните луѓе од социолошко-психолошки аспект. Алпер вели дека секогаш бара приказни кои вреди да се раскажат и видат. Финансирањето оди тешко но, додава дека секогаш се обидува да го направи најдоброто. Последните негови три филма ги финансира со европски копродукции. 

Реклама

На младите режисери им порачува да бидат упорни и да не се откажуваат.

– Да бидат сигурни во тоа што сакаат да направат филм но, мора да бидат трпеливи бидејќи однапред треба да знаат дека да се направи филм е комплексна и тешка задача. Сум чул и сум видел разочарани млади режисери по нивниот прв филм, но им препорачувам страста, волјата и упорноста да биде што поспостојана и да ги води – изјави Алпер денеска на прес-конференција во Скопје.

Годинашното издание на Киненова се одржува под мотото „На прво светло“ и ќе почнува утре во кино „Фросина“ со филмот „Три недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ. „Киненова“ ја започнува новата фестивалска деценија со шест филмови во главната програма, Албанија во фокус и работилници за младите.