Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027

Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021 – 2027, со наслов „Програма за прекугранична соработка Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“ – соопшти Министерството за локална самоуправа.

Повикот има цел да ги поттикне организациите од двете земји да развиваат и спроведуваат заеднички проекти што придонесуваат за унапредување на прекуграничната соработка.

– Заинтересираните организации се повикуваат навремено да почнат со подготовка на своите проектни предлози, како и со воспоставување контакти и координација со потенцијалните прекугранични партнери. Раното планирање и ефективната соработка меѓу партнерите се важни предуслови за подготовка на квалитетни и одржливи проектни предлози – се вели во соопштението.

Реклама

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ истакнал дека преку европската територијална соработка се создаваат можности локалните заедници заеднички да одговорат на предизвиците, да ги развиваат своите капацитети и да ги искористат локалните потенцијали.

– Министерството за локална самоуправа е национален орган за ИПА III-програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021 – 2027, со алокација од 3.430.000 евра, и ја поздравува објавата на новиот повик. Упатувам благодарност до Европската Унија и Делегацијата на Европската Унија за континуираната поддршка и досегашната успешна соработка. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на можностите за локален и регионален развој, како и на зголемување на бројот на проекти што ќе се реализираат во рамките на прекуграничната соработка – нагласил министерот.

Од вкупно 62 проекти, истакнал тој, за прекугранична соработка што се реализирани или се во фаза на реализација, само два се спроведуваат во соработка со Република Албанија.

-Ова укажува на потребата за значително зголемување на бројот на заеднички проекти во иднина. Затоа ги повикувам единиците на локалната самоуправа и сите заинтересирани партнери активно да се вклучат во новиот повик – истакнал Стоилковиќ.

Крајниот рок за доставување на Концепт нотите е 15 јануари 2027 година. Станува збор за ограничен повик, во чија прва фаза апликантите треба да достават Концепт нота (Анекс А.1 – Образец за аплицирање за грант: Концепт нота).

Целосната документација, условите и насоките за аплицирање се достапни на Порталот за финансирање и тендери на Европската Унија: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/prospect-details/187670PROSPECTSEN?isExactMatch=true&status=31094501,31094502,31094503&frameworkProgramme=111111&programmePart=&order=DESC&pageNumber=1&pageSize=50&sortBy=startDate.

Во рамките на повикот ќе бидат организирани и информативни сесии за потенцијалните апликанти. Сесиите се планирани приближно 15 дена по објавувањето на повикот, а дополнителните информации за датумите, локациите и начинот на организација ќе бидат објавени дополнително.