Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Градежни активности во штипската населба Сењак, иницијатива секоја населба да има одговорни лица за одржување на зелените површини

Почнаа активности за изградба на паркинг простор и хортикултурно уредување на запуштениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа активности за изградба на паркинг простор и хортикултурно уредување на запуштениот простор меѓу улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во населбата Сењак во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов рече дека од буџетот на Општината се  инвестираат 5,5 милиони денари. 

– Ова е јавна површина, која во минатото не била соодветно истретирена и уредена. Поголем дел од јавната површина во минатото била узурпирана со времени објекти, лимени гаражи и несоодветна содржина. Во изминатите неколку недели и месеци, морам да изразам благодарност за совеста до сите станари од околните станбени згради, кои самоиницијативно ги одстранија времените објекти-вели Јорданов.

 Тој ги повика сите  граѓани и пензионери, кои сакаат да земат соодветен надоместок, можат да се пријават во општина Штип за секојдневно одржување на зелените и партерните површини, околу нивните станбени згради. 

Реклама

-Најголемиот проблем со кои како локална самоуправа го имавме и кои треба да се промени е одржувањето на содржините кои што ги создаваме. Ги повикувам да се пријават  наши сограѓани или пензионери, кои за соодветен надоместок од страна на општина Штип ќе бидат одговорни за одржување на ваквите зелени површини, јавна површина околу нивните станбени згради. Колку и да се трудиме во рамки на логистиката и капацитети кои ги има ЈП „Исар“ на неделна основа да се изѓубрува и чисти депонираниот отпад, сепак на дневна основа треба да биде задолжен човек од месното население, кој секојдневно ќе се грижи за ваквите урбани средини, кои што ги создаваме- рече Јорданов. 

Идејата е во секоја штипска населба се постават одговорни лица кои ќе ги штитат урбаната опрема, хигиената и редот, бидејќи урбаната опрема многу често се уништува, особено во ноќните часови.