Реклама

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

Македонија

Ѓорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, при што се отстрануваат графитите, натписите и насобраната нечистотија од двата најпрепознатливи симболи на главниот град, соопштуваат од Град Скопје.

Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, паралелно привршуваат и работите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за ставање во функција на подната фонтана на плоштадот „Македонија“.

– Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град. Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот. Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички – вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Реклама