Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Прилози

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Нова академска година – нов почеок, нови предизвици, нови цели. За илјадници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова академска година – нов почеок, нови предизвици, нови цели. За илјадници студенти денес започнува уште едно поглавје од нивниот образовен пат. Од првиот академски час на УКИМ, надлежните испратија порака до бруцошите да бидат љубопитни, храбри и упорни. Универзитетот да не биде само место за стекнување знаење, туку и простор за создавање нови идеи, убави моменти и пријателства.

„Јас верувам дека времето на профитот заминува, доаѓа време кога ќе зборуваме за софократија, за умот. Верувам дека не само затоа што е најстар, не само затоа што бил најдобар, туку затоа што навистина има со што да се пофали и кон што да цели, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да биде предводник во промените. Кога реков дека треба да сте критични, убедувајте ги професорите и потсетувајте ги дека се овде не само заради своите кариери, туку дека имаат и педагошки причини. Треба секој ден да ве убедуваат дека се тука заради вас, а не заради себе. Бунтувајте се, барајте ги правата, направете систем во којшто нашиот и нивниот избор и реизбор ќе зависи од вас, а не само од нивното и од моето знаење,“ истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Високото образование е меѓу главните приоритети на МОН, а надлежните веќе работат на подобрување на условите за студирање, модернизација на студиските програми и даваат поголема поддршка за науката и истражувањето.

Реклама

„Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата. Токму затоа високото образование е еден од нашите најважни приоритети“, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Студентите ги очекува период на стекнување нови знаења, градење ставови и развивање како личности. Од раководството на УКИМ велат дека стекнатото знаење треба да го претворат во вредности со кои ќе придонесуваат за општеството и својата професионална иднина.

„ Од денес сте дел од најстариот универзитет, со традиција, знаење. Од денес сте дел од неговата приказна. Пред вас се отвара значајно поглавје. Тука ќе растете како личности, ќе градите ставови. Универџзитетот ќе ви даде знаење ама вие треба тоа дас го претворите во вредност.“– вели ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова.

За бруцошите почетокот на годината носи нови предизвици, но и возбуда од она што допрва следува.

Годинава, на 23 факултети во состав на УКИМ, во новата академска година се запишаа 8.850 студенти.На најстариот и најголем универзитет во државата во моментов студираат над 26 илјади студенти, а на додипломски студии во земјава студираат околу 53.500 студенти.