Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Прилози

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

738 дена во период од 5 години системот „Мој термин“ функционирал без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

738 дена во период од 5 години системот „Мој термин“ функционирал без важечки договор за одржување. Ова го покажува конечниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој нотира сериозни слабости во функционирањето, безбедноста и управувањето со националниот електронски здравствен систем. За одржување на сите јавни здравствени установи се потрошени 333,3 милиони денари, односно 5,42 милиони евра, при што само 9 отсто од средствата се однесуваат на националниот здравствен информатички систем, а 91 процент на други системи во јавното здравство.

„Во периодот од 1 јануари 2021 до 30 април 2026 година, системот „Мој термин“ не бил покриен со договори за одржување вкупно 738 дена, односно 37,9 отсто од времето, поради тоа што договорите се склучувале на годишно ниво“, велат од ДЗР.

Министерот Клековски вели дека е запознаен со извештајот и не ги оправдува овие пропусти. Додава дека веќе е побарано да се направи акциски план за надминување на сите овие проблеми.

Реклама

„Не знам како се случило. Јас веќе побарав од јавните служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен да ги направиме промените. Знаете дека го промовиравме нацрт-стратегијата за дигитализација во здравството и планираме масивни интервенции во делот на дигитализацијата“, изјави Сашо Клековски – Министер за здравство.

Во извештајот од ДЗР е наведено дека поимот „Мој термин“ не е регистриран и правно заштитен од надлежните институции, туку од економски оператор со кој Министерството за здравство склучува договори за одржување на системот.

„Министерството не е носител на авторските права над поимот „Мој термин“, туку тие права ги контролира приватен економски оператор и постои ризик од спорови за интелектуална сопственост на „Мој термин““, велат од ДЗР.

Проверките на ревизорите утврдиле и дека има изоставување податоци од болниците. Во ГОБ „8 Септември“, како една од најоптоварените болници во Скопје, воопшто нема евидентирано хируршки интервенции во „Мој термин“. За првите четири месеци од 2026 година, во оваа болница биле испратени СМС-известувања за само 10,1 отсто од реализираните упати. Ревизорите упатиле низа препораки до Министерството за здравство и Управата за електронско здравство за итно воспоставување законска рамка, заштита на личните податоци, континуирано одржување и зајакнување на ИТ-безбедноста.