Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Tоп

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Додека некои, ги почитиваат законите и внимаваат да не минат ниту ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека некои, ги почитиваат законите и внимаваат да не минат ниту ден во затвор, други, кои веќе се во ќелија, бројат денови и бараат уште пократка казна.

На Фехми Стафа многу му се гледаат уште пет месеци во ќелија, па се жали пред Апелација оти од Кривичен му ја скратиле казната – само за 30 дена.

Поранешниот државен правобранител, кој доби затворска казна од 15 месеци откако призна вина за влијание во судски предмет, и се спогоди со обвинителот во април годинава, барал од првостепениот суд наместо до 13-ти март 2027, да излезе порано на слобода. Судиите се согласиле да го напушти затворот на први февруари идната година.  

Реклама

Стафа не бил задоволен од оваа одлука. Со својот бранител се пожалиле до второстепениот суд, отпустот да биде уште порано. Апелациските судии немаат донесено одлука.

Ексдржавниот правобранител Стафа беше осуден дека зел мито од 50 илјади евра за да изврши влијание во предметот на Љупчо Пецов Ѓаволот кај апелацискиот судија Ѓоко Ристов.

Главниот играч – Ѓаволот кој ги смести зад решетки апелацискиот судија и државениот правобранител, се спогоди без да помине ден во затвор, да плати само парична казна. Осум илјади евра веќе легнале на сметката на Кривичен, а тоа го потврди на брифинг со новинарите, претседателката на судот Даниела Димовска.

За Пецов било поднесено обвинение, признал вина пред судот уште пред еден месец, дека организирал синџир за затајување на данок. Судијата пак одлучил, дека за измама тешка над 8 милиони евра доволно е да го осуди само на условна казна, и да лежи затвор само доколку во следните пет години направи ново кривично дело.

Љупчо Пецов Ѓаволт успеа да не преноќи ниту една ноќ во Шутка. Октако беше уапсен, извадил медицинско уверение дека здравјето не му дозволува да  престојува во затвор, а судот пак нареди да има полициска заштита поради тоа што му била загрозена безбедноста. Судот му ги врати и трите конфискувани автомобили, затоа што го подмирил долгот кон државата за даночната измама.

Во меѓувреме, на органите на прогонот се предаде Стојан Чифлигаровски кој исто така е осомничен во синџирот со милионското даночно затајување.

https://youtu.be/jVLieKE1VDA