Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Прилози

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година. Во Вашингтон, тој имаше средба со претставничката на „ДФС“- компанијата која со 5 милиони долари ги финансира почетните развојни активности на проектот за антимон, рудникот „Крстов дол“. Тој смета дека пари за реализација на овој значаен проект за енергетскиот сектор лесно ќе се најдат. Пресметките покажувале дека стапката на поврат на средства од Чебрен и Галиште е двоцифрена. Проектот е добар поради зголемувањето на производство на струја, но и обезбедување вода за наводнување.

„Јас очекувам дека ќе обезбедиме финансирање на овој проект. Според нашите пресметки внатрешната стапка на поврат на проектот е двоцифрена и нето сегашната вредност е исто така одлична. Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Според последните проценки лани, изградбата на Чебрен и Галиште би чинела помеѓу милијарда и 1,3 милијарди евра. Во меѓувреме, државните електрани работат на третата фаза за ревитализација на постоечките хидроцентрали во земјава вредна 46 милиони евра. Мицкоски вели дека енергетската стабилност за претстојната сезона е обезбедена и дека Владата се труди да има што е можно пониски цени на струјата за граѓаните.

Реклама

„Имаме и едни од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа. Се бориме таа цена да остане иста. Јас сум убеден дека ќе остане иста и да видиме следната година, какви се можностите, во одредени периоди од годината, кога имаме поголемо производство на електрична енергија од сонце, да го продолжиме тој период на евтина тарифа. Така што, во услови кога сите ги зголемуваат цените, ние се бориме како од овој предизвик да препознаеме шанса и да ја преточиме во можност за нашите граѓани“ – изјави премиерот Мицкоски.

Целта на Проектот за ревитализација на хидроцентралите е да се продолжи работниот век на 6-те хидроцентрали, да се зголеми инсталираниот капацитет за 13,5 мегавати и да се обезбеди поголемо производство за 50 гигаватчасови.

„Македонија има голем хидропотенцијал, но за негово искористување потребно е модернизирање на постројките. ЕУ придонесе за ревитализација на 6 хидроелектрани со грант во износ од 11,2 милиони евра. Преку Планот за раст, ќе продолжиме со финансиска и советодавна поддршка за енергетскиот сектор во земјата“ – вели Михалис Рокас – амбасадор на ЕУ во Македонија.

Државните електрани се во засилен инвестициски циклус. Во моментов се работи на изградба на далновод кон Албанија, во полн ек е изградбата на гасниот интерконектор со Грција, а планот е тој да се продолжи кон Србија, за Македонија да стане енергетска крстосница на Балканот, а земјава да заработува од транзит на гас.