Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Прилози

Предизвици во новинарството во ера на вештачката интелигенција

Од побрза обработка на информации до откривање дезинформации – вештачката интелигенција се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од побрза обработка на информации до откривање дезинформации – вештачката интелигенција се почесто станува алатка за помош во новинарството. Сепак со нејзината употреба се отвараат и низа прашања за точноста, етиката и одговорноста во известувањето. Лажни фотографии и видеа, манипулации и нарушување на приватноста, се дел од предизвиците што бараат внимателна проверка. Одговорноста за објавената содржина и понатаму останува кај новинарот, а не кај алатката што ја користи. Токму затоа, потребни се нови знаења, вештини и правила за нејзина одговорна употреба.

„Предностите на вештачката интелигенција се големи. Тоа што го работевме како истражувачки новинари, каде што со месеци собиравме документи и податоци, сега се скратува за многу кратко време, но опасности и предизвици има на кои што треба многу да внимаваме“, изјави Горан Лефков, претседател на центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија,

Покрај редакциите, важен дел од процесот на имплементација, е и високото образование. Целта е студиите да се прилагодат на брзиот развој на технологијата, преку ревидирање на постојните наставни програми и воведување нови содржини за вештачката интелигенција. Иницијативата отвора можност идните новинари уште за време на студиите да се обучуваат за користење на  ваквите алатки, нивните ограничувања и етички стандарди на употреба.

„Суштината на проектот беше да ни помогне нас, што побргу да имаме институционален одговор на сето ова што се случува, во поглед на ревидирање на наставните програми, прилагодување на образованието на новонастанатата состојба. Ние сега имаме и солидна иницијација за реакредитација на нови наставни програми кои што многу повеќе ќе одговараат на новото време“, вели Јасна Бачовска Недиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Реклама

И студентите се желни за нови знаења кои ги диктира новото време. На  вештачката интелигенција гледаат како алатка за истражување и креирање на нови содржини.

„Сметам дека вештачката интелигенција доста ќе се развива во иднина, цело време се повеќе напредува и како што поминува времето се повеќе ја користиме за сите делови од животот, секој сегмент.“, изјави Милица Пановска, студент на втора година Правни студии.

Критичкото размислување, проверка на информациите и професионалната одговорност остануваат основа на доверливото и квалитетно новинарство, а целта не е вештачката интелигенција да го замени новинарот, туку да биде негова поддршка во секојдневната работа.