Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Македонија

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Македонија ќе ја прилагодува својата надворешна политика кон новите политички струења во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе ја прилагодува својата надворешна политика кон новите политички струења во Европа.Ова е главната порака на премиерот Христијан Мицкоски пред петочната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Клучот за идните македонски чекори, според премиерот, лежи во променетата геополитичка мапа. Тој ги посочи евроскептичните трендови на референдумот во Исланд, изборните победи на десничарските и антимигрантски партии во германските покраини, но и претстојните претседателски избори во Франција каде фаворит е Марин Ле Пен.

Коментирајќи ги информациите дека земјава не е во групата четири земји со конкретни акциски планови за проширување, Мицкоски тврди дека такво нешто нема на маса. За него е нелогично занемарувањето на испорачаните реформи, а фокусот мора да остане врз домашните обврски.

„Кога правите план каква политика да водите треба да ги имате предвид случувањата во соседството, но и во поширокото соседство. Тоа е ЕУ. Имаме неуспешен референдум во Исланд, за рестартирање на преговорите со ЕУ, имаме три изборни циклуси во Германија, во покраини, кадешто гледаме дека, би рекол, екстремни политички структури победуваат, односно структури коишто не се ‘мејнстрим’. Сите се тие антимигрантски и против проширувањето на ЕУ, истакна премиерот.На пролет имаме претседателски избори во Франција. Според последните мерења, таму е фаворит Марин ле Пен и бројките велат дека ќе биде новиот претседател на Франција, барем како што денес стојат работите. Така што ова е некаков индикатор врз основа на кој ќе треба да ги градиме политиките во периодот што следи. Ние нашата домашна задача ќе ја работиме, другото не е на на“, вели Мицкоски.

Реклама

Во однос на заглавените преговори и билатералниот спор со Софија, Владата бара целосен пресврт во преговарачкиот формат. Наместо средби зад затворени врати, премиерот бара присуство на трета страна, претставници на Европската комисија или на НАТО за објективно соочување на аргументите.

„Логично е да се седне и да се разговара во присуство на претставници на ЕУ затоа што треба да се слушнат аргументите објективно. Вака кога ние седиме и разговараме на билатерална основа тоа што се разговара нема никаква суштина. Ниту пак потоа брифирањето од тие средби е онака како што се разговарало. Ценам дека за да имаме некаков ефект, за да имаме суштина во тие разговори добро е да има претставници од страна на Европската комисија за да ги слушнат аргументите. Ако нашите аргументи не држат, тогаш ние сме подготвени да ги прифатиме другите аргументи“, вели Христијан Мицкоски, претседател на влада.

И покрај инсистирањето на Владата за уставни измени со одложено дејство и дипломатско посредување од Брисел или НАТО, пораките од Европската комисија досега остануваат непроменети. Посетата на Фон дер Лајен во петок ќе биде првиот директен тест, дали Скопје ќе успее да избори нов дипломатски маневар.