Реклама

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Прес-релис

Видеолотарија Касинос Австрија партнер на меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

Синоќа, по 27 дена исполнети со натпревари, ривалства, емоции и полни трибини,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќа, по 27 дена исполнети со натпревари, ривалства, емоции и полни трибини, заврши 22риот  Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“.Четириесет екипи беа дел од годинешното издание, а патот што започна на 1 септември кулминираше со финалната вечер на 27 септември на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.

27 дена фудбал, 40 екипи, полни трибини, големи ривалства и уште поголеми емоции, вака заврши 22. издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, кој синоќа кулминираше со спектакуларна финална вечер на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1.

Од првиот натпревар на 1 септември, па сè до големото финале на 27 септември, турнирот повторно го претвори „Сокол“ во центар на малофудбалските возбудувања. Финалната вечер беше вистинската круна на турнирот – исполнети трибини, гласна поддршка од публиката, жестока, но фер борба и атмосфера која потврди дека „Сокол“ одамна е многу повеќе од спортски турнир.

Реклама

Во големото финале за шампионската титула се соочија Мега Лифтови и Руди Компани, две екипи кои преку групната и елиминациската фаза стигнаа до последниот натпревар. Победничкиот пехар го крена Мега Лифтови, кои станаа шампиони на „Сокол ВЛТ 2026“.

И оваа година, Видеолотарија Касинос Австрија беше партнер на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, продолжувајќи ја поддршката за настан кој со години ги обединува спортот, младите и локалната заедница.

„Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Кога компаниите препознаваат дека спортот е важен за младите и за заедницата, тогаш не поддржуваат само турнир, туку помагаат да се гради традиција“, велат организаторите.

За Видеолотарија Касинос Австрија, поддршката на „Сокол“ е дел од континуираната посветеност кон спортот и општествената одговорност.

„Спортот создава енергија, дисциплина, тимски дух и заедништво. Токму затоа ни е особено драго што и годинава сме дел од приказната на турнирот кој со својата традиција и атмосфера ги поврзува генерациите и му дава простор на спортот да биде дел од секојдневието на заедницата“, порачуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.