Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Потврда за неосудуваност, уверение за државјанство, извод од матична книга на родени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потврда за неосудуваност, уверение за државјанство, извод од матична книга на родени, ова се само некои од документите кои кочанчани ќе можат да ги добијат без шетање по институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Кочани Влатко Грозданов го промовираа новиот центар за услуги, со кој тие велат значително ќе се олесни пристапот на граѓаните до нивните документи.

„Граѓаните ќе можат да добијат над 350 услуги коишто досега ќе требаше да поминат различни институции за да ги добијат или да аплицираат и да ја добијат услугата сами од нивниот мобилен телефон или лаптоп. Оние коишто немаат дома електронски уреди не знаат да ги користат не сакаат да ги користат сега имаат можност на едно место воцентарот за услуги во Кочани да добијат потврди за неосудуваност“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација

За некои документи жителите од помалите градови во Македонија, досега требше да патуваат во главниот град. Но со центрите за услуги кои ги има веќе 18 во државава, ова станува минато.

Реклама

„Ќе се скрати времето за чекање по шалтери за чекање по шалтери, ќе се скрати времето за патување во главниот град каде за определен документ ќе може и овде да се извади. Овде на располагање се вработени кои се многу љубезни кои секако стојат на располагање на нашите сограѓани и ќе е една придобивка како за кочани така и за општините Чешиново, Облешево и општина Зрновци“ изјави Влатко Грозданов, градоначалник на Кочани

Ваквите центри се особено значајни за повозрасната популација и за оние кои немаат можност самостојно да ги користат онлајн услугите.