Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Наредната есен треба да започнат градежните работи на новиот експресен пат што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наредната есен треба да започнат градежните работи на новиот експресен пат што ќе го поврзе Радовиш со Бугарија, преку Струмица и Ново Село. 8 ми октомври ќе биде последниот рок, до кога консултанстски куќи ќе може да доставуваат понуди за изработка на  предпроектната документација. Еколошкоите, социјални и физибилити студијата треба да бидат готови за шест до девет месеци, по што би требало да  биде распишан тендер за изградба. Новиот експресен пат ќе се финансира со средства на Јавното претпријатие за државни патишта.

  „Она што сакам да го кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од ЈП за државни патишта. Јавното претпријатие е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект, така што еве нека не е ветено, но ако се оди добро имаме добра постапка за избор сега прво на консултантска куќа, а после на изведувач очекувам до есента веќе да почнат градежните активности на терен што како што кажав ќе значи многу и да напоменам уште еднаш. Нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија“, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски

Новиот експресен пат ќе отвори нова перспектива не само за Радовиш, туку за целиот југоисточен регион, посочи вицепремиерот Николоски, кој рече дека само во еден инвестициски циклус, преку Министерствоо за транспорт и врски преку различни проекти во Радовиш се инвестирани околу 240милиони денари.  Покрај експресниот пат, на листата  приоритети  на Радовиш се уште неколку инфраструктурни зафати, за кои општината веќе има подготвено документација.

Реклама

 „Ние имаме повеќе проекти кои што ни се изготвени веќе проктната документација за кои што еве сега ќе разговараме. Тоа е булеварско решение на влезот од градот, уредување на кејот и дветет кејски улици покрај Радовишка река…. Во завршна фаза за некаде од еден месец се надеваме дека ќе го пуштиме и новиот градски пазар којшто е целосно финансиран од буџетот на општината, во вредност од 2милиони евра„ изјави Љупчо Почивалец, градоначалникот на Радовиш

Вицепремиерот Николоски заедно со градоначалникот Почивалец, ја посетија манифестацијата Самун ем Татлија, која веќе прераснува во традиција. Според николоски, ваквите настани придонесуваат и за развој на локалната економија