Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Tоп

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

„Сејф сити“ стартува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар од 12 октомври.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сејф сити“ стартува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар од 12 октомври. Камерите веќе се поставени, а во тек се последните подготовки пред да почне безбедосниот систем да лови прекршоци на подрачјето на СВР Охрид.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека техничките работи за целосно функционален команден центар, од каде ќе се следи и координира „Сејф сити“, треба да финишираат во следните две недели.

  • „Во завршна фаза сме со уредувањето на командниот центар во СВР Охрид, кој е неопходен за да започнеме со практична примена на ‘Безбеден град’. Начелно се договоривме со раководството дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври на целата територија на СВР Охрид“ рече Тошковски.

Министерот вели дека позадинските технички потешкотии ја одложиле примената во тек на сезоната во Охрид.

Реклама
  • „Еден од најубавите објекти на МВР ќе биде објектот на СВР Охрид. Тоа беше една од причините зошто се одложи конкретна примена на Сејф сити во Охрид. На крај се одлучивме да изреновираме простории во Регионалниот центар запад, бидејќи и тој е лоциран овде. Понатаму целокупната опрема и се она што е поврзано со Сејф сити ќе биде префрлено во новиот објект на СВР Охрид“ рече Тошковски.

Инаку, безбедносниот систем веќе функционира во Скопје, Тетово, Куманово, коридорите 8 и 10Д, Повардарието а од август „Сејф сити“ функциоира и на делницата меѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.

Освен безбедносниот систем, поголема безбедност ќе има и на западната граница на Македонија, што за МВР ќе биде приоритет во следниот период. ФРОНТЕКСТ ја засилува граничната контрола особено на главната премин кон Албанија -Кафасан.