Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Обвинети шест лица за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Шест лица се обвинети за уривањето на заштитената спомен-куќа на авторот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест лица се обвинети за уривањето на заштитената спомен-куќа на авторот на текстот на македонската химна, Владо Малески во Струга. Меѓу нив е и поранешниот струшки градоначалник Рамиз Мерко. Според Основото јавно обвинителство, првообвинетиот, кој е управител на градежна фирма, при изградба на нов објект, со багер го поткопал и заедничкиот ѕид меѓу неговата парцела и куќата на Малески. Со тоа ја нарушил конструкцијата, по што објектот бил урнат. Обвинети се и градежен инженер и архитект од Секторот за урбанизам во Струга, кои ги изготвиле одобренијата за градење без задолжителен идеен проект за уривање на стариот објект. Меѓу обвинетите е и архитектка од Заводот за заштита на културното наследство и музеј – Охрид. Според обвинението, таа дала позитивно мислење за проектот и заверила документација во која било предвидено да се гради подрум, иако тоа било спротивно на условите од Управата.

„Копајќи за подрумските простории на новиот објект, обвинетиот извршил широк ископ со багер, со што го поткопал заедничкиот преграден ѕид меѓу двата објекти, што довело до дестабилизација и уривање и на куќата под заштита како културно наследство“, велат од ОЈО.

Досега не можело да се интервенира врз оштетената куќа, бидејќи објектот бил предмет на истражна постапка. По поднесувањето на обвиненијата врз шест лица, Заводот за заштита на спомениците на културата – Охрид, добил  одобрение за преземање итни заштитни мерки. Во тек се договори за отстранување на опасните делови од соседниоит објект и затрупување на темелната јама.

Реклама

„Нашата цел е да се обезбеди објектот и да се спречи негово понатамошно уривање и деградација, но притоа да се зачуваат преостанатите автентични делови од културното наследство. Ние сме подготвени да обезбедиме стручен конзерваторски надзор при интервенцијата“, вели Горан Патчев, директор на Завод за заштита на спомениците на културата.

Објектот од 2017 година е заштитен како значајно-културно наследство, а случајот на уривање датира од октомври 2025 година. Еден месец подоцна, полицијата поднесе кривични пријави против пет лица. Сега, случајот влегува во судска постапка, а паралелно се изработува и проект за реконструкција на објектот, кој ќе ги утврди потребните интервенции и трошоците за обновата.