Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Митева: Капацитетот на СДСM за раководење со држава е еднаков на нула

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на една од телевизиите, се осврна на состојбите во економијата, владеењето на правото и политиките Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.

Таа посочи дека, според неа, клучен предуслов за подобрување на состојбите во земјата е воспоставување долгорочна стратегија и континуитет во спроведувањето на економските и институционалните политики.

-Клучното прашање, кое што треба да си го поставите во политиката е како е се стигнува до резултати и како се гради стабилна економија и како се продолжува да се одржува стабилната економија, стабилното владеење на правото, стабилната социјала, стабилното образование. За жал, бевте толку катастрофални во владеењето, да оставивте таков пустош, што во моментов, не само што не можеме да постигнеме да ги поправиме грешките, и дупките коишто ги оставивте, туку мораме да размислуваме неколку чекори нанапред, за да можеме брзо да го постигнеме, тоа што ни е целта – кажа Митева. 

Реклама

Митева истакна дека, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има јасно поставена цел за подобрување на животниот стандард и економската состојба во земјата, а посочи и дека за остварување на таа цел е потребен долгорочен план и конкретни политики во повеќе области.

-А целта ни е дека со сигурност, дека денес во 2026 во Македонија се живее подобро отколку во 2023, во 2030 година ќе се живее многу подобро. Затоа што имаме план, затоа што знаеме како се гради економска стабилност, затоа што знаеме како се градат инфраструктурни проекти, како се прават образовни политики, коишто нема да прават вакви штети какви што имаме денес. Знаеме како се прават и закони, кои што се посветени на борба против криминалот и корупцијата – рече Митева и додаде:

-Но најголемата штета е тоа што сето тоа што ќе го наследите вие или друга политичка партија, како што го уништивте пред седум години, така ќе го уништите повторно, затоа што немате способност за работа, не ве интересира, затоа што сметате дека власта ви е подарена, а не треба да работите за истата, затоа што кога сте на власт си играат фудбалчиња по кабинети, и затоа што капацитетот на раководење на СДСМ во рамки на владата е еднаков на нула – нагласи Митева.