Се зголемува смртноста од кардиоваскуларни заболувања во Македонија. Кардиолозите алармираат дека земјава има двојно поголема предвремена смртност од европскиот просек.Поради тоа бараат итни посилни мерки за превенција. Според надлежните раната дијагностика и контрола на ризик-факторите се клучните работи за да се намали бројот на смртни случаи.
„20 милиони смртни случаи годишно го засегаат целиот свет или 32% од глобалната смртност или најголемиот здравствен светски предизвик, 1 од тројца луѓе секојдневно умираат од кардиоваскуларни болести, многу повеќе од пациентите со карцином или респираторни заболувања.“, изјави Ирена Митевска, претседател на Здружение на кардиолози
„Македонија има два пати поголема предвремена смртност од европскиот просек. Главен контрибутор на предвремената смртност, збориме помеѓу 30 и 70 години се кардиоваскуларните болести. Мораме да го мислиме целиот циклус од превенција, рано отркивање до третман“, изјави Сашо Клековски, министер за здравство
Според статистиките, највисока е смртноста кај луѓето помеѓу 30-тата и 70-тата година од животот.надлежните оченуваат дека во моментот сме најслаби токму во превенцијата и раното откривање, додека во третманот ги применуваме сите современи терапевтски можности.
Кардиоваскуларните заболувања предизвикуваат околу 20 милиони смртни случаи годишно и учествуваат со 32 проценти во глобалната смртност.
Лекарите повикаа на почести превентивни прегледи, особено кај луѓето над 40 години и оние со фамилијарна оптовареност и ризик-фактори.

