Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од струмица, утврди комисијата

Нема лекарска грешка во случајот со 19-годишната родилка од Струмица која по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема лекарска грешка во случајот со 19-годишната родилка од Струмица која по породувањето со царски рез во струмичката болница и аплицирана спинална анестезија остана инвалид и сега е во количка. Од министерството за здравство, велат дека најверојатна причина за нејзината состојба е ненадејно  крварење во и околу ’рбетниот мозок поради многу мала и ретка неправилност на крвните садови, која инаку не се гледа на вообичаена ангиографија. Комисијата по  разгледувањето на  целокупната медицинска документација од сите болници каде била младата жена, снимките од магнетната резонанца и сослушувањето на сите инволвирани доктори – едногласно одлучиле дека  нема лекарска грешка.

-Во основа јас лично сметам и тоа неколку пати го изјавив дека секој случај посебно ваков случај за наводи за можна лекарска грешка кај родилка заслужуваат највисок степен на вниамние и највисок степен на препазливост како наш личен однос кон пациентката, пациентот може да биде  и пристапивме многу сериозно, јас лично ги избрав докторите за стручниот надзор- истакна министерот Сашо Клековски

Дека причина за неподвижноста на родилката не е спиналната анестезија покажува и промената во ’рбетниот мозок која е забележана значително повисоко од местото каде била аплицирана инјекцијата. По породувањето пациентката била добра, уредно со бебето биле пуштени дома, а симптеомите на парализа се јавиле после 6 дена. Најверојатна причина, според експертите, е спонтано крварење од ретка малформација на крвните садови.

Реклама

 Тонски-др Игор Самарџиски-гинеколог-акушер ГАК

-Се работи за пациентка која што е префрлена регуларно од болница од понизк степен заради одлуката на стручниот тим од таа болница да се прати пацинетката заради физичката состојба зарди започнувањето на раѓањето кое што спаѓа во група на ризична бременост. Таа е пациентка со една претходна операција односно преку еден царски рез, обезна и со започнувањето на породувањето нешто порано од терминот. Стручниот тим одлучи даа се препрати со претходна најава до повисокиот болнички степен. Тоа е клиничка болничка  Штип каде што е прифатена и оперативниот зафат е регуларно направен без никакви проблеми во текот на операцијата– истакна др. Игор Самарџиски-гинеколог-акушер и член на комисијата.

Комисијата за надзор над стручната работа е составена од пет експерти – гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, од кои двајца од Србија. Дополнително  препорачуваат дијагностика за конечно утврдување на причината и продолжување на рехабилитацијата. Инаку породувањето на 19 годишната девојка од Струмица е направено на 26 јуни во Клиничката болница во Штип. Таа е мајка на уште едно дете, старо три и пол години.