Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

На маса со Каја Калас во Њујорк, ќе се бара начин преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маса со Каја Калас во Њујорк, ќе се бара начин преку европските престолнини да се стави крај на фрустрациите на Македонците, поради огромните отстапки кои ги направи Македонија за интеграција во ЕУ, но европската приказна за нас се уште останува желба. Владината делегација денеска во Њујорк, ќе учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, кој ќе го води високата преставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика.

Во пресрет на овој состанокот премиерот Христијан Мицкоски повика на вклучување на претставници од Унијата, со цел подобрување на дијалогот за разликите со источниот сосед. Тој потенцираше дека без разлика на дополнителните прашања и притисоци поврзани со нашиот идентитет, фокусот на Владата продолжува да биде насочен кон нови реформи и промени во институциите.

-Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. И, за жал, поради некои вештачки причини, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој камен-темелник. Во меѓувреме, фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки: го сменивме знамето, Уставот го сменивме неколку пати, дури и го сменивме уставното име и сето тоа изгледа како приказна без крај“, изјави Мицкоски.

Реклама

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски веќе е во неколкудневна понуда на САД, каде присуствува на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк. Шефот на македонската Влада таму ја искористи шансата пред светските лидери, но и пред целата светска јавност, да ги повтори македонските проблеми, но и ставовите на Владата во однос на европската интеграција.

Матеја Петровски