Тајно ја засадиле, вредно се грижеле за неа, но кога им порасна им падна во рацете на полицијата. Обидот за нелегален бизнис со плантажа за марихуана на двајца струмичини им пропадна. Полицијата им го заплени родот од 680 килограми и ги уапси. Скриената парцела кај селото Секирарник, била засаседна во мај годинава. Полицијата подолго време следела што се случува.
–Да им се заблагодарам на полициските службеници кои што неколку денови спијеа на нива за да на крајот дојдеме до еден ваков резултат кој што на крајот ќе не доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Станува збор на доста поголема количина на марихуана која што била одгледувана на плантажа во Струмица–истакна министерот Панче Тошковски
Двајцата осомничени веднаш биле однесени во суд, каде признале дека обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле земјата и направиле нелегална плантажа.
–Во овој случај имаме една доста успешна акција која што на оперативно ниво е спроведена од секторот за внатрешни работи на Струмица. Дрогата е детектирана, обезбедена. Луѓето кои што биле директно вклучени во рамки на процесот на производтсво и пуштање во промет на истат се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.Полицијата во моментот кога ги добила информациите постапила со она што е нејзин надлежност–истакна министерот Панче Тошковски
Понатамошната постапка треба да ги утврди сите околности околу плантажата, како и степенот на вклученост на двајцата осомничени во производството на канабис.
Министерот Тошковски порачува дека надлежните будно ги следат состојбите и дека полицијата продолжува со засилена борба против произвидството и трговијата на наркотици.

