Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Прекини во снабдувањето со струја и вода утре во делови од Скопје

Делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош утре ќе бидат без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош утре ќе бидат без електрична енергија, а дел од корисниците во општина Карпош ќе имаат прекин во водоснабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.

Прекини во снабдувањето со струја ќе има од 7:55 до 9:55 часот, за дел од корисниците од улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ во општина Бутел; од 9:00 до 14:00 часот, за корисниците од улиците „Мишко Михајловски“ и „Емил Зола“ во општина Кисела Вода; од 10:05 до 12:05 часот, за дел од корисниците од улицата „Боро Меков“ во општина Бутел; од 13:00 до 14:00 часот, за корисниците од улицата „Варшавска“ во општина Карпош.

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мексичка“ бр. 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Мексичка“, како и делови од улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и „Париска“ во општина Карпош.

Реклама

Водоснабдувањето на овие локации ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности.