Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Прилози

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Метал без кој денес не може да се замислат делови од современата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Метал без кој денес не може да се замислат делови од современата индустрија, но и одбранбената технологија. Се користи за изработка на легури, батерии, стакло, керамика, пластика, гумени производи, сопирачки и системи за заштита од пожар, муниција. Антимонот е редок метал, а неговото значење во светски рамки, расте поради се почестата примена. Рудата од кривопаланечко беше една од најсилните економски карти што Македонија ја однесе во Вашингтон како дел од понудата за стратешкиот дијалог со САД. Цената на светскиот пазар е висока, па од рудници во Кина, Русија и САД, меѓу една од ретките држави што го има овој ресурс е и Македонија.

Антимонот се употребува во металургијата, во воена индустрија и е редок метал кој е ценет на пазарот. Антимонот е редок метал и среќа што го има кај нас. Антимонот е скап, цената е 15-20 илјади долари по тон, но многу е рано да одлучиме и да кажеме каков рудник ке се отвори се зависи од истражувањата.“- вели рударскиот инжинер Николајчо Николов.

За Македонија, потенцијалното наоѓалиште на антимон кое се уште не е доистражено, може да има и економско и стратешко значење.  За откривање на реалниот потенцијал на македонскиот рудник кај крива Паланка, геолозите предлагаат дополнителни истражувања, па затоа ја поздравуваат соработката на Македонија со САД кои ќе го финансиираат истражувањето. Целта е да се утврди количината и концентрацијата на антимонот, но и составот на рудата, а особено присуството на арсен.

Реклама

Добро е што компанијата ДФЦ има издовено околу 5 милиони евра за дополнителни истражувања, треба околу 25 илјади метри да се направат за да се утврди што е со нашиот антимон. Од таму се вадеше и руда со големи количини на арсен, мора и на тоа да се обрне внимание, наоѓалиштата со антимон најчесто се пратени со арсен и тоа може да биде кочница. Добро е што се превземаат конкретни чекори но треба да се истрае.“- вели Николов.

Планот на Владата е металот да се експлоатира тука, да се извезува во САД, а потоа да се преработува во Оклахома. Американската Меѓународна финансиска развојна корпорација (ДФЦ) во април годинава објави дека склучила договор со „Пела глобал“ за развој на проектот за обновување на рудникот и постројката за преработка. Договорот предвидува до пет милиони долари за развојно финансирање.