Реклама

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Македонија

За четири месеци евидентирани над 10.400 прекршоци кај возачи на тротинети, мопеди и мотоцикли

Вкупно 10.411 сообраќајни прекршоци биле констатирани во засилените акциски контроли што Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 10.411 сообраќајни прекршоци биле констатирани во засилените акциски контроли што Министерството за внатрешни работи ги спровело од мај до август годинава, а биле насочени кон возачите на електрични тротинети, велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Според податоците на МВР, најголем дел од прекршоците, односно 8.806, се регистрирани кај возачи на мопеди, мотоцикли и трицикли, додека 1.571 прекршок се однесува на електрични тротинети и 34 на велосипеди.

Најчесто констатиран прекршок било некористењето заштитен шлем, за што биле изречени 7.303 санкции. Евидентирани се и 718 прекршоци за управување по несоодветна површина, 401 за управување нерегистрирани возила или возила без полиса за осигурување и 322 за некористење рефлектирачки елек.

Реклама

Во контролите биле откриени и 81 случај на управување од лица помлади од 18 години, 45 случаи на управување под дејство на алкохол, како и 1.541 прекршок од друг вид.

Покрај прекршоците, полицијата открила и 619 кривични дела, од кои 604 се однесуваат на управување возило без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол и едно на управување во забранет правец.

Во рамките на преземените мерки биле одземени вкупно 423 возила, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со посебен акцент на прекршоците што директно ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.

МВР апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да користат заштитна опрема, да не управуваат возила под дејство на алкохол и да не учествуваат во сообраќајот без исполнување на законските услови.