Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM е партија без економска стратегија за државата, Филипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места

СДСM е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.

Единствено нешто што знаат СДСM и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери.

Реклама

СДСM и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДСM и Филипче исто така немаат план.

Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија?

СДСM само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1. СДСM се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти.  СДСM и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани.