Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет, пишува во демантот министерката за енергетика, рудраство и минерални суровини Сања Божиновска.

Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби.

СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација.

Реклама

Нема да дозволам преку партиски прес-конференции да се фрлаат невистини во јавноста и потоа да се очекува тие да останат без одговор. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.

Затоа, наместо политички конструкции и измислени „мрежи“, од СДСМ барам во рок од 24 часа јавно да ги повлече невистинитите тврдења и да ми се извини за нивното изнесување.

Во спротивно, ќе следуваат конкретни правни чекори. Ќе ги искористам сите расположливи правни механизми за заштита на мојата чест, углед и професионален интегритет, вклучително и судска постапка и соодветни пријави до надлежните институции.

Јавноста заслужува факти и докази, а не политички конструкции. Јас сум подготвена за секој факт да одговорам и да го докажам. Истото го очекувам и од оние што денес изнесуваат вакви сериозни обвинувања.