Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Младите од Делчево со „Велобус“ ќе го одбележат Светскиот ден без автомобили

Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП), во соработка со локалните институции, денеска организираат масовна акција „Велобус“. Настанот се спроведува по повод Светскиот ден без автомобили – 22 септември и е дел од пошироката кампања „Микромобилност и безбедност во сообраќајот“.

Оваа општествено базирана иницијатива има за цел да ги охрабри учениците да го користат велосипедот како редовно превозно средство до училиште. Децата ќе се движат во организирани и безбедни групи, придружувани од родители, наставници и волонтери, со што директно се промовира одржливата урбана мобилност и здравите животни навики.

Акцијата опфаќа две основни рути за учениците до ООУ „Св. Климент Охридски“ и мини полигон во градинката „Весели Цветови“ каде најмладите ќе учат безбедно управување со велосипеди и тротинети.

Реклама

Активностите се реализираат со поддршка на полицијата, а организаторите упатија апел до возачите за внимателно движење.

Иницијативата ја заокружува Европската недела на мобилност под мотото „Мобилност за секого, фер пристап за сите генерации“.