Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ: На денешен ден, со спектакуларно апсење на Игор, започна нашата голгота

На овој ден во 2017 година, во раните утрински часови, со спектакуларно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На овој ден во 2017 година, во раните утрински часови, со спектакуларно апсење беше уапсен Игор – уапсен за делото од 27 април. Со тој момент започна нашата голгота, тежок пат кој остави неизбришлив белег врз сите нас, потсети со објава на социјлните мрежи, Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ.

-Поминаа години исполнети со неизвесност, болка и борба. Веќе година ипол Игор не е со нас, а случајот сè уште не е решен. Одговори нема, правда нема!
Оваа тишина и неизвесност тежат повеќе од сè, секој ден одново – пишува Ивана. 

Но, таа не се предава. Вели дека тука ништо не застанува. Болката продолжува, борбата продолжува, а спомените не избледуваат.

Реклама

-Живееме со оваа тежина и не престануваме да ја бараме вистината. Затоа што Игор не е само спомен – тој е дел од нас, дел што никогаш нема да згасне.
Овој ден не е само потсетник на еден настан, туку на една неправда што сè уште трае.
И колку и да е тешко, нема да престанеме да бараме правда. За него. За нас. За вистината.
Оваа голгота удри печат на многу семејства и многу животи засекогаш ги запечати, вели Ивана. 

Игор Југ беше уапсен за познатите настани на 27 април 2017 година. Беше осуден на 12 години затвор. 

Тој на саркастичен начин ја коментираше пресудата за него:

„Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да ‘изедам’“, рече Југ.

Почина на 7 февруари 2025 година, на 54 годишна возраст, во својот дом, каде беше пуштен поради нарушено здравје, на денот на седмиот роденден на неговата ќерка.