Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Целокупниот отпад кој се создава, не мора целосно да заврши како отпад.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целокупниот отпад кој се создава, не мора целосно да заврши како отпад. Од него, со соодветно третирање може да се добива био-храна, како и природни ѓубрива, но и да биде искористен како основа за се’ популарната циркуларна економија во производството. Ова беше целта на завршницата од неколкумесечниот проект „Млади за зелена транзиција, од урбана градина до
еко-производ“, кој го спроведоа Здружението за образование, култура и уметност
– ЗОКУМ, стручното СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, како и неколку други невладини организации, а во реализација на Организацијата „Пипл ин нид“.

„Тоа значи да произведуваме храна, но што помалку отпад да направиме и да правиме селекција и реупотреба, и рециклирање на самиот отпад…Всушност, ако подетално разгледаме, био-производството е совршен пример за циркуларна економија затоа што наоѓаме примена на се’ она што е во животната средина. Значи, ништо не се фрла, туку се реупотребува. Еве, прост пример – пепелта, односно дрвениот пепел, користиме дрва за огрев, пепелта подоцна е средство за заштита на растенијата, за нивна прихрана, така што наоѓа нова примена“ – вели Филип Димкоски од „ЗОКУМ“ Прилеп.

Во рамките на проектот, учениците-учесници под водство на своите ментори произведоа и компост од калифорниски црви кои пак го преработуваат био-отпадот, значи отпадоците од зеленчук и овошје, по што е добиена прихрана за новите култури и за производство на расад, објаснува Димкоски. Поголемите ученици стекнатото знаење им го пренесуваат на помалите, така што, овие нови технологии за производство на храна стануваат достапни од најмала возраст, што е и целта на овој проект, а кој заврши со Арт-хепенинг „Од отпад до нови вредности – мојата зелена приказна“.

Реклама

„Во овој проект ми се допаѓа тоа што имаме можност повеќе да се грижиме за животните и со тоа можеме да ги користиме ресурсите кои тие ни ги даваат, како и од градината и од животните. И со тие ресурси имаме повеќе практична настава, а тие био-производи практично ги користиме како производи на
одржливост и можеби циркуларна економија, бидејќи нема ништо што се исфрла, туку сè се користи во еден затворен циклус“,
– кажа Ана-Марија Блажеска, матурантка во ветеринарна струка.

Завршницата од проектот опфати и едукативни работилници за учениците кои се одржаа на отворено.