Реклама

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Граѓаните задоволни што Скопје конечно добива решенија за јавниот транспорт

Премиерот Мицкоски ја претстави во Вашингтон македонската визија за развој – инфраструктурата, енергетиката и технологијата се клучните столбови

Нова наезда од глувци во скопски Центар – Герасимовски најавува дека дури во понеделник ќе се излезе на терен

Мицкоски од Вашингтон: Стоиме рамо до рамо со САД

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Македонија

Министерот Серафимовски: Чесниот пчелар кој произведува вистински и квалитетен мед ќе биде заштитен

Со порака дека во една тегла мед се соединети природата, човечкиот труд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со порака дека во една тегла мед се соединети природата, човечкиот труд и карактерот на поднебјето, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Радовиш ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“.

Како што информираат од МЗШВ, Серафимовски во своето обраќање посочи дека значењето на пчеларството го надминува производството на мед и други пчелни производи. 

-Преку опрашувањето, пчелите имаат незаменлива улога во овоштарството, градинарството и поледелството, поради што нивната поголема заштита е неопходна за зголемување на домашното производство на храна и зачувувањето на биолошката разновидност- порача Серафимовски.

Реклама

Тој додаде дека политиките во овој сектор се насочуваат кон понатамошна професионализација и модернизација на пчеларските стопанства, зачувување на автохтоната македонска медоносна пчела, подобро искористување на пчелната паша и создавање производи со повисока додадена вредност. 

Министерот Серафимовски истакна дека институционално се засилуваат контролите на квалитетот, заштитата од нелојална конкуренција и надзорот над погрешно декларираните производи.

-Македонскиот мед има потенцијал да биде високо вреднуван производ. Неговата вредност и понатаму ќе ја надградуваме преку проверен квалитет, препознатливо потекло, современо пакување и посилно присуство на домашниот и странските пазари. Чесниот пчелар кој произведува вистински и квалитетен мед ќе биде препознаен и заштитен, затоа што грижата за пчелите е грижа за иднината на македонското земјоделство- истакна Серафимовски.