Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Сонцето и водата имаат сè поголема улога во производството на електрична енергија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сонцето и водата имаат сè поголема улога во производството на електрична енергија во Македонија. Надминати се целите за обновливи извори  предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК), а напредокот во спроведувањето на преземените обврски позитивно е оценет од Енергетската заедница. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме го доставило  Извештајот за оценка за националните планови за енергија до Енергетската заедница  

-Напредокот на земјава и исполнувањето на преземените обврски се позитивно оценети во последниот „Извештај за оценка на усвоените национални планови за енергија и клима 2025–2030 и напредокот во 2025 година кон енергетските и климатските цели во Енергетската заедница“,  Навременото известување, како што велат, претставува потврда дека Министерството доследно ги спроведува обврските преземени со Националниот план за енергија и клима (НПЕК) и континуирано работи на унапредување на националната енергетска и климатска политика-велат од Министерството за енергетика и минерални суровини–велат од Министерствотоза енергетика.

Најголем придонес во зголемувањето на производството од обновливи извори имаат  соларните и хидрофотонапонските и хидроенергетските капацитети. Со нивниот развој, расте и учеството на чистата енергија во домашното производство на електрична енергија.

Реклама

-Резултатите покажуваат дека динамиката на развој на обновливите извори веќе ги надминува поставените очекувања во однос на инсталираниот капацитет на електроцентралите од обновливи извори на енергија, над националната цел и индикативната траекторија утврдени со НПЕК, посочуваат од Министерството за енергетика..

Министерството за енергетика, најавува и мерки за модернизација на енергетскиот систем, меѓу кои пазарно поврзување, поголемо учество на потрошувачите, сопствено производство и потрошувачка на електрична енергија, како и развој на енергетски заедници. До 2030 година, како што нагласуваат, Националниот план за енергија и клима НПЕК предвидува 38 процентен удел на енергијата од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, со растечки тренд во сите клучни сектори – електрична енергија, греење и ладење и транспорт. Дека Македонија напредува енергетски доказ се трите крупни проекти за енергетска независност и стабилност на Македонија. Изградбата на ветерниот парк на Алказар енерџи,  гасниот интерконектор со Грција и турската Казанџи груп  која со полна пареа ја планира инвестицијата за изградба на когенеративни централи.