Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

– Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на годината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на годината да биде донесена националната стратегија за вештачка интелигенција. Една од активностите на стратегијата ќе биде и носење закон за употреба на вештачката интелигенција.

Утре, во Министерството за дигитална трансформација ќе се одржи состанок на работната група по што драфт-верзијата ќе биде ставена на ЕНЕР и ќе бидат организирани неколку јавни дебати. 

– Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Една од активностите на стратегијата размислуваме да биде донесување закон за употреба на вештачката интелигенција. Значи, не регулирање на производството или на создавањето вештачка интелигенција, туку повеќе на правилното етичко и принципиелно користење за доброто на вештачката интелигенција – изјави министерот Андоновски. 

Реклама

Во однос на изградбата на националниот дата-центар, Андоновски вели дека веќе се во тек разговори со потенцијални финансиери на проектот, а во Министерството за транспорт веќе се разговара за утврдување на потребната процедура за употреба на локацијата кај Бунарџик. 

– Локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони.Тоа е државно земјиште што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, така што овој простор ќе го искористиме. Во близина веќе се изградени фотонапонски централи. Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски.